Првото полувреме беше израмнето (13-13), а Шпанија потоа водеше со три гола разлика (19-16), но нивната предноста почна да се топи и Французите во финишот ја преземаа контролата врз мечот по што триумфираа со 28-26.
Мае, Мем и Бриет постигнаа по четири гола за Франција, додека Фернандез беше најефикасен кај Шпанија со седум погодоци.
Правдата на натпреварот ја делеа македонските ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.