„Францускиот спајдермен“ имаше одлична идеја, но го уапсија

Ален Робер, познат како „францускиот спајдермен“ денеска, без јаже, се искачи на облакодер во Париз за да собере пари за реновирање на познатата париска катедрала Нотр Дам.
Робер (56), кој повеќе од сто пати се искачил на облакодери низ целиот свет, овојпат го освои врвот на зграда висока 185 метри, со редовно застанување за да стави креда на рацете.
Откако завршил со качувањето, бил уапсен.

Набљудувачите на овој необичен потфат го фотографираа „спајдермен“.
Меѓу многуте градби, тој се има искачено на мостот Голден гејт во Сан Франциско и Бурџ Калифа во Дубаи.
Париски надбискуп води кампања за собирање повеќе од 100 милиони евра за да го спаси Нотр Дам.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.