Француските милијардери во трка кој ќе донира повеќе за обновата на Нотр Дам

Семејството на францускиот милијардер Бернард Арно и неговата компанија за производство на луксузна стока „ЛВМХ“ ќе донира 200 милиони евра за обновата на катедралата.
– Семејството Арно и групацијата “ЛВМХ“ сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и да се приклучат во помошта за обнова на оваа извонредна катедрала, која е симбол на Франција, нејзино наследство и симбол на француското единство, се наведува во соопштението на компанијата.
Претходно францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопруг на холивудската актерка Селма Хаек, соопшти дека неговото семејство ќе донира 100 милиони евра.
-Татко ми и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата на Нотр Дам, соопшти Пино, кој е на чело на компанијата „Керинг“, која е сопственик на познати брендови како „Гучи“ и „Сен Лоран“, и претседател на компанија која ја поседува познатата аукциска куќа „Кристис“.
извор: Makfax

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.