ФРАНЦУСКИ ВОЕН БРОД НАПАДНАТ ВО ЦРВЕНО МОРЕ: Екипажот пукаше во дронови лансирани од Јемен ХУТИТЕ ИСПРАТИЈА СТРАШНА ПОРАКА

Француски воен брод собори два дрона во Црвеното Море кои беа лансирани кон него од брегот на Јемен.

Француското Министерство за одбрана соопшти дека повеќенаменската фрегата Лангедок го пресретнала и уништила првиот дрон во саботата околу 21 часот и 30 минути, додека вториот дрон бил соборен два часа подоцна на околу 110 километри од јеменскиот брег во близина на градот Ел Худајд.

Пратеник во ИЕ6 се станува со 6.662, во ИЕ1 со 9.018 гласови
Вкупно 2 356 гласови изнесува разликата да се стане пратеник во Изборна единица 6 каде се потребни 6 662 гласови и Изборна единица 1, каде се потребни најмногу гласови на граѓаните, односно 9 018. Во …
Четири јасни знаци дека треба да ја прекинете врската, според психолог
Во љубовните врски понекогаш се соочуваме со предизвици кои бараат внимание. Меѓутоа, проблемите се јавуваат кога партнерите не се обидуваат да ги решат овие предизвици.Значи, препознавањето на знаците дека врската повеќе не е здрава е …

Јеменското шиитско движење Хути, да потсетиме, претходно најави дека ќе ги нападне сите бродови кои се упатуваат кон Израел, без разлика на нивната националност, и ги предупреди сите меѓународни бродски компании да не прават бизнис со израелските пристаништа.

Хутите, подредени на Иран, нападнаа и киднапираа неколку бродови поврзани со Израел во Црвеното Море и теснецот Баб ел Мандаб, кој е бродска рута за најголемиот дел од светската нафта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.