Познатиот музичар Владимир Крстевски- Франц стана татко. На својот профил на Фејсбук тој објави дека на први јуни неговата сопруга Ема се породила и на свет ја донела нивната ќерка, Мелоди.
-На 1 јуни се роди мојата ќерка Мелоди Франц Крстевски. И посакувам добредојде на овој свет. Нашите срца се преполни со љубов и благодарам бескрајно за убавите честитки, напиша Франц на Фејсбук.