ФУДБАЛОТ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ ИСТ – Се воведува портокалов картон !?

Фудбалските челници се подготвуваат целосно да го променат овој спорт.

Некои од предлозите на Меѓународниот одбор за фудбалски правила (ИФАБ) веќе се објавени, а сега се воведува историска промена – покрај жолтите и црвените картони, се воведува и портокалов картон.

Сепак, никогаш нема да го видиме!

Портокаловиот картон ќе биде воведен како нова мерка по моделот на рагбито. Картоните од таа боја ќе бидат доделени на играчите за несоодветно (непристојно) однесување кон останатите играчи на теренот. Доделувањето на овој картон ќе значи дека фудбалерот треба да паузира неколку минути. Се претпоставува дека казната ќе трае десет минути, но се уште се шпекулира за тајмингот.

Сега, тука доаѓа шокот! Портокаловиот картон воопшто нема да биде видлив! Тоа нема да го покаже судијата на теренот, но одлуката ќе биде прикажана на семафорот кога играчот привремено ќе биде исклучен од теренот.

ИФАБ веќе начелно се согласи со оваа промена, па таа би можела да се примени во Премиер лигата од следната сезона. Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот во Глазгов закажан за март следната година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.