Ифтар на стадионот на Челзи, фудбалот да ги обединува луѓето – беше мотото

„Тука луѓето е собраа од локалната заедница за да дознаат повеќе за Рамазан. Фудбалот ги обединува луѓето, но и Рамазан ги обединува луѓето“, рече Салха.

Англискиот фудбалски клуб Челзи вчера беше домаќин на заедничкиот ифтар на својот стадион „Стемфорд Бриџ“, што е прв таков настан во историјата на Премиер лигата.

Ифтарот е организиран во соработка со „Ramadan Tent Projec”, наградувана хуманитарна организација основана во 2013 година со мисија за собирање заедници и подобро разбирање на Рамазанот, муслиманскиот месец на постот.

На ифтарот на стадионот „Стемфорд Бриџ“ присуствуваа стотина луѓе. Омар Салха, основач на „Ramadan Tent Project”, изјави дека првпат во историјата ифтарот е организиран на стадионот на некој англиски клуб од Премиер лигата. „Тука луѓето е собраа од локалната заедница за да дознаат повеќе за рамазан. Фудбалот ги обединува луѓето, но и рамазан ги обединува луѓето“, рече Салха.

Пронајдете не на следниве мрежи: