ФФМ: Шкендија ќе биде драконско казнета за скандалот во Купот на Македонија

Она што вечерва екипата на Шкендија, поразениот тим од финалето од Купот на Македонија, го направи очигледно дека ќе има сериозни реперкусии, последици, или кој друг термин сакате да го употребите.

Трофејниот македонски клуб вечерва реши откако со сосема фер и коректен натпревар кој го загуби со 1:0, да не ги прими сребрените медали кој што му следуваат на поразениот.

И покрај неколкупати повикани од организаторот, Фудбалската Федерација на Македонија, играчите на Шкендија решија да останат под трибината каде што се наоѓаа нејзините навивачи, а потоа на сред прогласување на победник, да заминат во соблекувална….

Како? Зошто? Што е причината за ваквиот однос на сериозно реномираниот наш претставник во Европските натпрревари сезонава, трофејниот клуб, Шкендија ќе мора веднаш да објасни. Тоа тренерот Јетон Беќири на прес конференцијата не го стори.

„Не сум компетентен да коментирам“….

Фудбалската федерација на Македонија подготвува драсконски казни за Шкендија за скандалите во финалниот натпревар.

Од исвиркување на македонската химна, до палење факели, извици на национализам во текот на мечот, вербални напади на челните луѓе на ФФМ, на судиите, пиротехника, па се до непојавување на пиедесталот да ги примат медалите…

„Деновиве ќе се огласи и Фудбалската федерација на Македонија околу тоа кои мерки ќе бидат преземени“, изјави портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски.

Пронајдете не на следниве мрежи: