ФЧЕРАШНИ: 20 цитати од книгата на Никола Груевски

Сѐ уште неименуваната книга на екс премиерот, а сегашен писател и добитник на Нобеловата награда за литература Никола Груевски е во центарот на интерес на јавноста. Фчерашни ексклузивно имаше шанса да ја прочита и вреди секој збор. Но за вас кои сѐ уште ја немате одвоивме 20 цитати.
1. Самодовербата тешко се гради, а лесно се руши. Посебно со динамит
2. Фамилијата е важна. Најважна
3. Три-четири шамари сигруно не се насилство, може да се само предигра
4. Македонија е сѐ што имате. Јас имам многу повеќе
5. Денот поминат без насмевка е залудно поминат ден
6. Не е важно да се учествува, важно е да се победи. Па ако треба и со сите сили
7. Животот е краток. Ако ме нервираш уште пократок ќе ти е
8. Убавината е во окото на оној што гледа т.е. тоа што си тоа гледаш – дел во кој е опишан делот за Скопје 2014
9. Закотвен брод никогаш не направил добар морнар. Затоа уште на галиите во Вардар има лоши морнари и добри келнери
10. Добриот збор железни врати отвара. И Крсто Муковски исто така
11. Лавот не го губи сонот поради мислењето на ружите
12.Два пати мери еднаш гласај ДУП
13. Не е точно дека „На човек можеш со сила да му земеш, а не можеш со сила да му дадеш“. Можеш и со сила да му земеш и со сила да му дадеш. Затворска казна
14. Братучед братучеда не храни. Всушност чекај, храни

15. Слушалките се ставаат на уши, не на очи, за да не ви се црвени очите како на Заев
16. Само Бог може да ми суди
17. Кој пее е заштитен сведок. И зло мисли
18. Богатството не го прави човекот. Човекот го прави богатството
19. Осамено е на врвот
20. Ако некој зборува лошо за тебе тоа кажува повеќе за него отколку за тебе

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.