Хамас: „Нема договор додека окупаторот не се повлече од Газа и раселените не се вратат во нивните куќи“

– Изет ал Ришк, член на Политичкото биро на движењето Хамас, изјави дека нема компромис во поглед на целосното повлекување на Израел од Појасот Газа и слободно враќање на раселените.Ришк во пишана изјава укажа на важноста на трајниот прекин на огнот во Газа.„Заштитата на нашиот народ е единствена гаранција дека крвопролевањето и масакрите ќе престанат. Окупаторите сакаат привремен договор за прекин на огнот за да можат да ги тргнат своите заробеници од Газа, а потоа да ја продолжат геноцидната војна во Појасот Газа. Напорите на Нетанјаху и неговата Влада да ги ослободат заробениците со користење сила не успеаја“, порача Ришк и додаде дека Израел нема друга алтернатива освен да направи вистински договор со отпорот во Газа.Ришк ја коментираше и моментната перцепција за Израел во светот.„Израел сега не е добредојден, а светското јавно мислење е на страната на нашите луѓе и нивната праведна кауза“, рече Ришк.Движењето Хамас напиша дека минатата недела во Египет и во Катар го пренеле својот одговор на предлогот во врска со прекинот на огнот со Израел. Во соопштението на Канцеларијата на израелскиот премиер одговорот на Хамас е оценет како негативен.

Пронајдете не на следниве мрежи: