На социјалните мрежи се појави видео од киднапирани израелско деца, наводно, киднапирани од членови на Хамас.
На видеото се гледаат шест расплакани деца кои се обидуваат да излезат од кафезот, а според пишувањата на социјалните мрежи децата биле киднапирани од членови на Хамас. Засега нема информации каде е направена снимката.

Видеото беше објавено на интернет, но набрзо беше избришано. Автентичноста на видеото се уште не е потврдена.
Милитантната група Хамас во саботата започна напади врз Израел во кои загинаа најмалку 600 луѓе, а повеќе од 2.000 беа повредени, по што израелските одбранбени сили започнаа напади врз Појасот Газа.
Палестинското Министерство за здравство во Газа на Фејсбук објави дека бројот на загинати Палестинци се искачи на 370, а дека околу 2.200 се повредени.
- Полицаец се запали по напад со молотов коктел, снимка од протестите во Франција
- Европската комисија застана зад Туск: Бара од полскиот претседател да одобри именување нови судии
- Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
- Хари и Меган во паника: Темни тајни од палатата излегуваат на виделина – Оваа жена е виновна за сè
- Финска подарува патување за самци од целиот свет: Еве што треба да направите


