четврток, 26 ноември 2026
Најново

Хаос во Белград: Се обидел да спаси момче кое го тепале, па и тој завршил во болница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двајца тинејџери биле брутално нападнати и претепани во текот на ноќта во центарот на Белград, откако биле пресретнати од група млади лица кои без предупредување започнале физички напад.

Според неофицијалните информации, инцидентот се случил кратко по полноќ, кога Н.М. (18) се враќал дома по прослава. Во еден момент бил пресретнат од група млади напаѓачи кои почнале да го удираат со тупаници, клоци и палки.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Сведоци наведуваат дека В.Ј. (19) се обидел да му помогне на нападнатиот тинејџер и да го спречи насилството, но и самиот станал мета на групата. Напаѓачите продолжиле да го тепаат и него, по што избегале од местото на настанот.

Во нападот Н.М. се здобил со повреда на раката, додека В.Ј. претрпел повреди на главата и носот.

На двајцата повредени веднаш им била укажана итна медицинска помош на местото на инцидентот, по што биле пренесени во Ургентниот центар за понатамошно лекување и дополнителни прегледи.

Полицијата извршила увид и презема интензивни мерки за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите, како и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести