Денес во Италија има генерален штрајк, што доведе до големи прекини во сообраќајот.Штрајкот во Италија, закажан за денес под името „Црн петок“, го објавија пет синдикати (USB, CUB, SGB, FISI и FLAI), со барања за намалување на буџетските средства за одбрана и инвестирање во здравствениот систем, образованието, јавниот превоз и безбедноста при работа, а воедно се спротивставуваат на приватизацијата и несигурните договори на одредено време.Најголеми проблеми се очекуваат во железничкиот транспорт, бидејќи вработените во државната железница најавија 24-часовен штрајк од 21 часот на 19 јуни до истото време на 20 јуни, што предизвика откажување на возовите.Во воздушниот транспорт, штрајкот ги вклучува работниците за товарење и истовар на багаж, возачите на автобуси што ги превезуваат патниците до авионот и персоналот на земја.Летовите ќе се реализираат само помеѓу 7:00 и 10:00 часот наутро и помеѓу 18:00 и 21:00 часот, според информациите од Националната администрација за цивилно воздухопловство (ENAC), во која се објаснува дека покрај државните, воените, вонредните, здравствените, хуманитарните и спасувачките летови, мора да се обезбедат сите летови, вклучително и чартер летовите, како и воздушните врски до островите, чие полетување е закажано помеѓу 7:00 и 10:00 часот наутро и помеѓу 18:00 и 21:00 часот.Јавниот превоз во големите градови функционира под различни режими – во Рим, автобусите, трамваите и метрото ќе сообраќаат само до 8:29 часот и од 17 до 19:59 часот, додека во Милано, јавниот превоз нема да сообраќа од 8:45 часот наутро до 15 часот и по 18 часот.Автопатските работници штрајкуваат од 19-ти до 20-ти јуни до 22 часот, што доведува до забавување на сообраќајот, затворање на патарините и намалена помош на патот, објаснува „Стампа“.Последниот генерален штрајк се одржа на 29 ноември 2024 година, кога беше прогласен од главните синдикати CGIL и UIL како протест против буџетскиот план на владата, при што штрајкот ги опфати и јавниот и приватниот сектор.
Пронајдете не на следниве мрежи:



