ХАОС ВО ПАРИЗ: Уапсени повеќе од 170 климатски активисти поради насилни протести

Повеќе од 170 климатски активисти беа уапсени поради нивното насилно учество во протестите во седиштето на француската инвестициска компанија „Амунди“ во Париз, која е главен акционер на француската енергетска и нафтена компанија „Тотал енерџис“, кога осум членови на обезбедувањето на инвестициската компанија се повредени, соопшти полицијата.Стотици климатски активисти од Extinction Rebellion се собраа во петокот додека Total Energies и Amundi го одржаа својот годишен состанок, а неколку десетици демонстранти насилно влегоа во седиштето на инвестициската компанија, чкртајќи графити по ѕидовите и кршејќи прозорци, соопшти полицијата.„Амунди“ соопшти дека се повредени осум членови на обезбедувањето на компанијата.Активистите велат дека Total Energies со своите активности придонесува за глобалното затоплување и уништување на биолошката разновидност, објави Франс 24.Извршниот директор на Total Energies, Патрик Пујан, во петокот им рече на акционерите дека мора да се развијат нови нафтени полиња за да се задоволи глобалната побарувачка.Активистите на „Гринпис“ развија транспарент „Се бара“ на кој го нарекоа Пујан „лидер на француската компанија која најмногу ја загадува животната средина“, а полицијата набрзо го одведе.Активистите велат дека Total Energies со своите активности придонесува за глобалното затоплување и уништување на биолошката разновидност.На состанокот во петокот, речиси 80 отсто од акционерите ја одобрија климатската стратегија на компанијата, а повеќе од 75 отсто гласаа Пујан да остане извршен директор во следните три години.

Пронајдете не на следниве мрежи: