Хаос во Тексас, раните се 6 луѓе: најпрво е забележано сомнително возило, а потоа започна пукањето (ВИДЕО)

Шест лица на возраст меѓу 3 и 19 години беа застрелани во Форт Ворт, Тексас.Четири лица биле помлади од 15 години, а инцидентот се случил синоќа околу 19:30 часот кога полицијата добила дојава за пукање во западниот дел на градот.– Кога полицијата во 19 часот и 38 минути дошла на местото на настанот, на паркингот затекнала неколку жртви со прострелни рани. Шест од нив се здобиле со полесни или тешки повреди – соопшти полицијата.

Пет лица се префрлени во локалните болници, додека едно одбило лекување. Засега не е позната состојбата на жртвите кои се пренесени во болница.– Потврдуваме дека на овој простор е забележано сомнително возило и дека најмалку едно или повеќе лица од автомобилот пукале кон жртвите – соопшти полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: