Од МВР информираат дека денеска во СВР Скопје е пријавено на паркинг на булеварот „АСНОМ“ во Аеродром биле оштетени 34 автомобили, при што е направена штета над 10.000 евра.
„Во периодот од 23:00 часот на 27.12.2025 до 09:00 часот на 28.12.2025 на паркинг простор на булевар „АСНОМ” е извршено оштетување на 34 патнички возила со вкупна материјална штета од околу 11.000 евра, се наведува во информацијата од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.



