Хаос на улиците во Милано: Жесток судир меѓу полицијата и пропалестинските демонстранти (ВИДЕО)

По повод прославата на годишнината од ослободувањето на Италија во Втората светска војна, на плоштадот Дуомо во Милано избувнаа немири кога се појави еврејската заедница, а пропалестинските демонстранти се судрија со полицијата.Интервенирала италијанската полиција, а двајцата демонстранти биле запрени и приведени во полициска станица.Полицискиот штаб објасни дека станува збор за „група вознемирени млади северноафриканци“, од кои некои носеа палестински знамиња и извикуваа „Ционистите надвор“ и „Слободна Палестина“.
🇮🇹 | ATENCIÓNInmigrantes magrebíes en Milán, Italia; atacan a varios participantes de una marcha pro-Israel. pic.twitter.com/R4DLit2plZ— UHN PLUS (@UHN_Plus) April 25, 2024
Пропалестинските поддржувачи фрлале шишиња кон полицајците во униформа, по што силите повторно интервенирале, додека некои ја исвиркувале италијанската химна и градоначалникот Џузепе Сала, пренесува Анса.-Проценивме дека бројот на присутни е над 100.000. Протест нема да има на овој Ден на ослободувањето. Нè има повеќе отколку што мислевме дека ќе има – изјави претседателот на Националната асоцијација на италијански партизани (ANPI), Примо Минели.Да потсетиме, најмалку 34.049 Палестинци загинаа во израелската воена офанзива во Појасот Газа на 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.

Пронајдете не на следниве мрежи: