Хаос пред бугарскиот парламент: Демонстрантите фрлаат јајца кон полицијата, на улиците излезе и војската

Илјадници луѓе протестираат пред бугарскиот парламент, барајќи оставки од бугарскиот премиер Бојко Борисов и главниот обвинител на земјата, Иван Гешев. 

Според порталот „А1он“, демонстрантите фрлаат јајца и јаболка кон полицајците кои го штитат бугарскиот парламент. И војската беше изнесена на улица.

Бугарските медиуми пишуваат дека ескалацијата започнала кога демонстрантите употребиле сила против полициските возила. 

– Несогласувачите планираат да го блокираат парламентот. Луѓето од целата земја се очекува да пристигнат во главниот град – пренесуваат бугарските агенции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.