петок, 27 ноември 2026
Најново

Хаотична состојба во Њујорк по рекордните дождови: Градот изгледа непрепознатлив

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поројни дождови го погодија Њујорк, а поплавите што резултираа со тоа однесоа две лица од живот, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека придружните бури ги попречија летовите, а метеоролошката служба предупреди за поплави во некои области.

Медиумите објавија поплави и штети, додека официјални лица на градските аеродроми ЏФК, Ла Гвардија и Њуарк соопштија дека распоредот на летовите е нарушен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Оваа бура ги сруши рекордите за врнежи од дожд за 30 октомври“, рече Адамс на X, додавајќи дека поголемиот дел од дождот што беше прогнозиран за неколку часа паднал за 10 минути.

Метеоролошката служба објави рекордни 4,7 сантиметри дожд во Централ Парк, додека на аеродромот Ла Гвардија наврнаа 5,31 сантиметри, а на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти во Њу Џерси 5,05 сантиметри.

Националната метеоролошка служба, исто така, издаде предупредувања за крајбрежни поплави за делови од Бронкс, Бруклин и Квинс.

The post Хаотична состојба во Њујорк по рекордните дождови: Градот изгледа непрепознатлив appeared first on Во Центар.

Поврзани вести