Харадинај со предупредување го Брисел за можна дестабилизација на Балканот

Како што јави дописникот на МИА од Приштина косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача дека зачленувањето на Косово во Европската Унија ќе го зајакне мирот и ќе го ослабне влијанието на Русија, чиј интерес е „да одржува хаотична ситуација во регионот“.
Во интервјуто за „Фајненшел Тајмс“, што го објави на својата Фејсбук-страница, Харадинај му порачува на Брисел дека треба да ги земе сериозно аспирациите на неговата држава за зачленување во ЕУ, воедно обвинувајќи ја Србија дека дејствува во интерес на Русија во правец на дестабилизација на регионот.
– Веруваме дека Европа ни даде можност, односно патоказ за тоа како да станеме членки на ЕУ и за тоа сме благодарни, вели Харадинај во интервјуто за “ФТ“.
Покрај тоа што тој ја обвинува Србија за дипломатската офанзива со цел да ја оспори државноста на Косово, не пропушти да дополни дека ниту лидерите на ЕУ не дале соодветен одговор на поплаките на Приштина за однесувањето на Белград.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.