Хатем Бен Арфа во Ливерпул

Тренерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс, е сериозно заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Њукасл, Хатем Бен Арфа, пренесуваат англиските медиуми.
Хатем Бен Арфа минатата година беше еден од најдобрите играчи во екипата на Алан Пердју која оваа сезона игра под очекувањата.
Повредата на францускиот интернационалец сериозно се почувствува во тимот па така оваа екипа се обидува да на каков таков начин ја спаси сезоната.
Њукасл минатиот месец остана без Демба Ба кој беше еден од носителите на играта на Њукасл, истото може да се случи и со Бен Арфа, за кого понуда уште за наредниот трансфер преоден рок подготвува Брендон Роџерс, тренерот на Ливерпул.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Брендон Роџерс, е сериозно заинтересиран за ангажман на фудбалерот на Њу

Пронајдете не на следниве мрежи: