ХЕЉДА – 5 конкретни здравствени придобивки!

Иако не е типична за нашите простори, хељдата е храна за која сè почесто можеме да слушнеме и кај нас во Македонија. Грешен е првиот впечаток дека се работи за полнозрнеста житарка, иако хељдата има доста сличен облик и нутритивен профил како повеќето полнозрнести житарки. За разлика од другите семиња, хељдата има незначителна количина масти.
Хељдата всушност претставува псевдожитарка. Под ова име потпаѓаат група од семиња со потекло од северните азиски и американски земји. Најчесто користени во човековата исхрана се хељда семињата од видот Fagopyrum esculentum и F. tataricum.
Хељда семето најчесто се користи во различни рецепти за чорби, супи и ладни салати. Може да се користи и како добра, квалитетна замена за оризот, а брашното од хељда е одлично за додавање во лебовите и различните веге плескавици (за полесно сврзување).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.