ХОРОР: Британец е обвинет дека ја дрогирал сопругата 13 години и носел мажи да ја силуваат

Сопруг и пет други мажи се обвинети за серија сериозни сексуални злосторства против неговата поранешна сопруга, кои наводно се случиле во период од 13 години во Западна Англија. Жртвата, 48-годишната Џоан Јанг, се откажала од правото на анонимност, пишува Би-би-си.

Нејзиниот поранешен сопруг, 49-годишниот Филип Јанг, кој порано живеел во Свиндон, а сега во Енфилд, се соочува со дури 56 точки на обвинението. Меѓу нив се и такви за кривичните дела: „силување“, „давање супстанции со намера за зашеметување со цел олеснување на сексуалната активност“, „воајеризам“ и „поседување несоодветни слики од деца и екстремен материјал“.

Станува збор за случај што потсетува на оној на Жизел Пелико, која била дрогирана и силувана од нејзиниот тогашен сопруг девет години, поканувајќи десетици мажи во нивниот заеднички дом во Прованса за да можат и тие да ја силуваат.

Сите шест мажи во „случајот Пеликот“ во Англија треба да се појават пред Крунскиот суд во Свиндон во вторник. Јанг е приведен во притвор, додека другите петмина се ослободени со кауција. Норман Максони (47) од Шарнбрук, опишан од полицијата како британски државјанин и црнец, е обвинет за силување и поседување екстремни слики.

Дин Хамилтон (47), без фиксна адреса, опишан како британски државјанин и бел, е обвинет за силување, сексуален напад со пенетрација и две обвиненија за сексуално допирање. Конер Сандерсон Дојл (31) од Свиндон, опишан како британски државјанин и бел, е обвинет за сексуален напад со пенетрација и сексуално допирање.

Ричард Вилкинс (61) од Свиндон, опишан од полицијата како Британец и бел, е обвинет за силување и сексуален напад. Мохамед Хасан (37) од Свиндон, опишан од полицијата како британски Азиец, е обвинет за сексуално допирање.

Детективскиот началник Џеф Смит од полицијата во Вилтшир го опиша покренувањето обвиненија како значаен чекор во она што тој го нарече „сложена и сеопфатна“ истрага. Тој, исто така, потврди дека г-ѓа Јанг е поддржана од специјално обучени полицајци.

Пронајдете не на следниве мрежи: