Хорор вечерва во хотел во Скопје: Сопственикот завршил со тешки телесни повреди во болница

Денеска (16.04.2026) во 21:40 часот во СВР Скопје пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во хотел во Скопје.

Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на местото од пријавата при што констатирано е дека физички бил нападнат П.Н. од страна на две лица од с.Ржаничино кои по нападот со патничко возило го напуштиле местото.

Повредениот со возило од Итна медицинска помош е пренесен во Клинички центар Мајка Тереза за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: