Хорор во Англија: Британската полиција во камион пронашла 39 човечки лешеви

Британската полиција во Есекс во Англија во приколка на камион пронашла 39 мртви тела. Возилото на смртта во земјата стигнало од Балканот. Засега се знае дека се работи за 25-годишен маж од Северна Ирска, кој е приведен под сомнение за убиство. Со камионот стигнал од Бугарија, а во Англија влегол во сабота. Според првичните информации пронајдени се 38 возрасни лица и еден тинејџер.
Шефот на полицијата, Ендрју Маринер за новинарите изјавил дека работат на идентификација на жртвите, но дека процесот ќе потрае.
“Ова е трагичен случај во кој голем број луѓе го загубиле животот. Истрагата е во тек, за да утврдиме што точно се случило. Веруваме дека камионот стигнал од Бугарија и влегол во нашата земја во сабота на 19 октомври. Возачот на камионот е уапсен“, рекол тој.
Полицијата го оградила местото каде бил пронајден камионот и тоа сега е затворено за сообраќај.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.