Според неофицијални информации, Во Зрновци е регистриран грозоморен настан,во кој наводно е силувано и убиено женско лице. Во моментот на местото на настанот се службени лица од Полициска станица Кочани кои ги вршат првичните истражни дејствија, објави Телевизија Кочани.
Од ОЈО го потврдија настанот.
– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани врши увид на локација каде е пронајдено тело на почината жена. До овој момент починатата не е идентификувана. Ќе биде наредена обдукција, а причините за смртта се уште не се утврдени. – велат од Обвинителството.



