сабота, 28 ноември 2026
Најново

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб ако Трамп продолжи да го нарушува мирот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заменик-министерот за надворешни работи на владата на проиранската јеменска милитантна група Хути, Хусеин ел-Ези денеска предупреди дека Хутите би можеле да ја затворат теснината Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен доколку американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да го нарушува мирот.

„Ако одлучиме да го затвориме Баб ел-Мандеб, тогаш целото човештво ќе биде целосно немоќно да го отвори. Затоа, најдобро е Трамп и неговите соучесници веднаш да ги запрат сите активности и политики што го попречуваат мирот и да покажат потребното почитување кон нашиот народ и нација“, објави Хусеин ел-Ези на својот Икс профил, пренесува Ал Џезира.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Баб ел-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив и е клучна пловна рута за трговската флота што плови во насока на Суецкиот канал.

Поврзани вести