Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двенеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство. Одлуката доаѓа откако тестот за коронавирус на директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, бил позитивен.
Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, чија задача е да ги подготват просториите за дезинфекција. Клиниката ќе остане затворена во следните две недели, објавува 360 степени.
За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови.
Министерот Венко Филипче, на прес-конференција, соопшти дека се идентификуваат сите лица со кои лекарката контактирала во изминатите пет дена, било да се работи за семејство, пријатели, колеги или пациенти.
ЦЕЛА КОЖНА КЛИНИКА ПОД КЛУЧ ВО НАРЕДНИТЕ 2 НЕДЕЛИ- пациентите пуштени дома!





