„Цела ноќ извлекуваме мртви тела“, сведочи битолскиот водич и спасувач Петар Нолев кој помага во Албанија

„Цела ноќ се боревме под урнатините да извлечеме настрадани, глетката е ужасна, сосотојбата катастрофална“, вака за битолскиот порталот APLA.mk сведочи познатиот планинарски водич и спасувач Петар Нолев, кој со уште тројца битолчани од тимот за Спасување на планини и високи објекти се вклучени во спасувачките акции за извлекување на настраданите во земјотрест во Драч, Албанија.
„Се соочуваме со многу тешки ситуации. Ноќеска од 2 часот по полноќ до 7 часот утрово, извлекувавме двјаца браќа врз кои се урна куќата во која живееле. Нивните семејства се спасиле, но мажите останале затрупани под урнатините. Имавме тешка задача да ги извлечеме нивните мртви тела. Успеавме, иако речеиси беше невозможно. Тажно, многу тажно“, вели Нолев за APLA.mk
Во Изминативе 24 часа, во регионот се регистрирани 524 земјотреси од кои неколку беа со магнитуда поголема од 4.5 степени според рихтеровата скала

Пронајдете не на следниве мрежи: