Цели 11 години од последниот концерт на Тоше Проески

Цели единаесет години… Останаа само убави спомени и сеќавања. Спомени и сеќавања кои никогаш нема да избледат. Сеќавања на нешто убаво, нешто вредно и непроценливо, нешто неповторливо. Македонија беше горда, а горда е и денеска.
На денешен ден, пред точно единаесет години Тоше Проески го одржа својот последен концерт, кој беше хуманитарен и овозможи десетици илјади евра за обновување на училиштата во Македонија.
На почетокот ја изрази својата огромна среќа и посака за неколку години сцената да биде од другата страна и да има уште повеќе посетители.


Денес, единаесет години подоцна Тоше не е помеѓу нас, но спомените и сеќавањата за концертот живеат како да беше вчера.
Големиот концерт во чест на Тоше Проески, кој беше пролонгиран ќе се одржина 2 ноември, информира меѓународната фондација „Тодор Проески“. Овој настан е поддржан и од Министерството за култура, кое за неговото организирање издвои 5.000.000 денари.
На концертот ќе биде промовиран и албумот „Secret Place“ со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. „Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – „The Hardest Thing“, додаваат од фондацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.