четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЦЕЛОСEН КОЛАПС, МЕТРА И ПОЛОВИНА СНЕГ НАВРНА ЗА 24 ЧАСА! Луѓе копаат тунели до влезната врата, возилата затрупани: Погледнете ги драматичните снимки!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Силна снежна бура го погоди италијанскиот регион Пиемонт

Силна снежна бура предизвика целосен колапс во Поморските Алпи, во италијанскиот регион Пиемонт .

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Социјалните медиуми се преплавени со неверојатни снимки на кои се гледаат згради и автомобили целосно затрупани во снег, додека локалните власти предупредуваат на блокирани патишта и висок ризик од лавини.

Три метри снег

За само 24 часа, во некои области наврна до еден и пол метар нов снег, со што вкупната висина на снежната покривка на поголеми надморски височини достигна неверојатни три метри.

Сцените од терен се драматични – автомобилите буквално исчезнале под наносите, а жителите, според локалните медиуми, биле принудени да копаат тунели дури и за да стигнат до влезните врати на своите домови.

Потрупан е познат скијачки центар

Едно од најтешко погодените места е познатиот скијачки центар Прато Невосо, сместен на надморска височина од 1.480 метри надморска височина, кој буквално исчезна под снежна покривка по повеќе од 48 часа континуирани врнежи од дожд. Сите пристапни патишта до областа остануваат блокирани, а ситуацијата останува многу сериозна.

И покрај хаотичните услови и огромните количини снег, добрата вест е дека засега нема извештаи за повредени или смртни случаи.
The post ЦЕЛОСEН КОЛАПС, МЕТРА И ПОЛОВИНА СНЕГ НАВРНА ЗА 24 ЧАСА! Луѓе копаат тунели до влезната врата, возилата затрупани: Погледнете ги драматичните снимки! appeared first on Во Центар.

Поврзани вести