Регулаторната комисија за енергетика, водоснабдување и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија ја донесе одлуката, со која малопродажните цени на нафтените производи се намалуваат во просек за 1,26% во споредба со одлуката од 24.11.2025 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) се намалува за 2,50 ден/л. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство I (ЕL-1) се намалува за 2,00 ден/л. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на мазутот М-1 SU не се менуваат.
Од 28.11.2025, 00:01 часот, максималните цени на нафтените производи ќе бидат:
ЕУРОСУПЕР БС 95 бензин – 75,00 (ден/лит)
ЕУРОСУПЕР БС 98 бензин – 77,00 (ден/лит)
Моторно масло EURODIZEL BS (DE V) – 70,50 (денари/литар)
Екстра лесно масло за горење 1 (EL-1) – 67,50 (денари/литар)
Mazut М-1 SU – 34.865 (ден/килограм).
The post Цената на дизелот се намалува appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



