четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цената на златото нагло падна на најниско ниво од август годинава!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во текот на тргувањето, берзанската цена на златото во еден момент падна под 4.250 долари за тројска унца, што е најниско ниво од 5 август, покажуваат податоците на платформата „Investing“.

Околу 7:35 часот по средноевропско време, цената на овој благороден метал падна на приближно 4.217 долари за унца. Во однос на затворањето на претходната трговска сесија, падот во тој момент изнесуваше 2,42 отсто, односно околу 104,4 долари. На најниското ниво, цената достигна 4.215,8 долари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во однос на јануарскиот максимум од 5.318 долари за унца, златото изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност.

Аналитичарите падот на цената на благородниот метал го поврзуваат со заострувањето на монетарната политика на американските Федерални резерви (ФЕД). Раководството на американската централна банка неодамна, за првпат по подолг период, ја зголеми референтната каматна стапка. Одлуката, меѓу другото, била донесена имајќи го предвид рекордниот раст на цените на горивата на американскиот пазар.

Високите референтни каматни стапки во водечките земји го поттикнуваат растот на побарувачката за доларот, оцени претходно управителот на фонд и основач на финтек-платформата „SharesPro“, Денис Астафјев.

Причината е тоа што златото не им носи каматен принос на сопствениците, за разлика, на пример, од банкарските депозити и државните обврзници. Поради тоа, позицијата на златото на пазарот почна да слабее, заклучил експертот.

Поврзани вести