Светската цена на златото денеска се искачи на рекордни 3.000 долари за унца (28,34 грама) поради глобалната трговска неизвесност и очекувањата дека каматните стапки во САД ќе бидат намалени, пренесе „Би-би-си“.
Цената на благородниот метал порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца. Од почетокот на годината, вредноста на златото се зголеми за над 14 отсто. Златото со векови се смета за безбедно засолниште за капиталот во турбулентни времиња, па растот на побарувачката по него е индикатор за нивото на страв и неизвесност на пазарите.
Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрзо темпо на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати. Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти.
Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.
Цените паднаа на 1.600 долари по пандемијата, но повторно почнаа да растат во 2023 година, поттикнати од големите набавки од централните банки.Цената на благородниот метал порасна за 0,4 отсто на 3.000,20 долари за унца. Од почетокот на годината, вредноста на златото се зголеми за над 14 отсто. Златото со векови се смета за безбедно засолниште за капиталот во турбулентни времиња, па растот на побарувачката по него е индикатор за нивото на страв и неизвесност на пазарите.
Во последните 25 години цената на златото се зголеми за десет пати, што е побрзо темпо на раст од американскиот индекс S&P 500, кој во истиот период се зголеми за четири пати. Скокот на цената на златото обично се поврзува со економски и политички пресврти.
Цената на златото прво ја премина границата од 1.000 долари за унца за време на Големата финансиска криза во 2008 година, а се искачи над 2.000 долари за време на пандемијата на коронавирус.
Цените паднаа на 1.600 долари по пандемијата, но повторно почнаа да растат во 2023 година, поттикнати од големите набавки од централните банки.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.