недела, 29 ноември 2026
Најново

Цените на бензините од полноќ се зголемуваат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со непроменети цени, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, од полноќ ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.
Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 ден/лит. Цената на мазутот се намалува за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.
Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

Поврзани вести