Претставник на владеачкото мнозинство во последната фаза пред усвојувањето на Предлог-законот за енергетика, кој се подготвува две години, уфрлил амандман во собраниската процедура, според кој се бара бришење на точка од членот 47, со што за членови на Регулаторната комисија за енергетика ќе можат да бидат избрани експерти кои директно би дошле на оваа позиција од компаниите од енергетскиот сектор.
Според документот до кој дојде „Фактор“, се бара бришење на точката 4, став 3, од членот 47, нешто што налагаше секој новоизбран член на ова регулаторно тело кое ги штити правата на потрошувачите „најмалку две години пред именувањето да не биде дел од надзорен и управен одбор на друштво од енергетскиот сектор, или од секторот со комунален отпад“.
Ова би значело дека се зголемува просторот новоизбраните членови на РКЕ во иднина да тргуваат со влијание и да ги застапуваат интересите на компаниите од каде што доаѓаат, особено оние на монополите и со доминантна позиција на пазарот, наместо првенствено да се грижат за правата и благосостојбата на граѓаните како независни и непристрасни.

Неофицијално, објаснувањето од страна на предлагачот е дека со овој потег ќе се овозможи поголема стручност и компетентност кај членовите на регулаторот. Аргументот е дека досега единствено само претседателот на комисијата бил експерт од областа, додека другите членови биле повеќе избирани фигуративно.
Регулаторната комисија за енергетика, покрај претседателот, брои уште шест члена, вклучувајќи го и заменик-претседателот. Во Предлог-законот за енергетика се бара еден член да биде експерт од правото во полето на енергетиката, водните услуги и управувањето со отпад, еден економски стручњак од овие дејности, а останатите да бидат технички познавачи.

Предлог-законот за енергетика, како едно од најважните законски усогласувања со енергетската легислатива на ЕУ, го помина второто читање пред надлежните собраниски комисии на почетокот од мај. Министерството за енергетика прифати амандмани поднесени од сите пратенички групи за Законот за енергетика. Се очекува тој да биде донесен во текот на месецов.
Целито текст прочитајте го на ФАКТОР