Цетински се прости од Оливер: Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња

Со тага и неверување фановите се простуваат од легендата. Веста која утрово го потресе Балканот не ги остави рамнодушни ни јавните личности. Секој на свој начи и со своја порака му кажува последно збогум на Оливер Драгојевиќ.
Ништо нема да биде исто после твоето заминување, пишува неговиот колега Тони Цетински.
– Сите тие твои шеги и глупости на кои се смеевме како деца, се моментите кои никогаш нема да ги заборава. Морам да ти признам дека те сакав и те сакам како да си ми татко, а по душа понекогаш ми беше како помлад брат. Од тебе најмногу учев, затоа што од тебе најмногу и добив.

Ти се даваше на луѓето и на пријателите и не се штедеше. Во тој факт лежи уште една тајна на твоето успешно постоење и работа. Отсекогаш си бил доказ дека не е доволно да се биде само врвен уметник, туку и човек и затоа едно големо благодарам. Длабока бол во градите и голема празнина во мислите сега се во мене. Песните кои ни ги остави се сега единствена утеха. Искрено сочувство на целото семејство. Неискажива болка. Почивај во божји мир, пријателе и учителе мој. Те сакам и засекогаш ќе те сакам.
P.S. Те молам само уште едно нешто. Бакни ми го Тоше и запејте една за сите времиња. И него му беше голем пример и пат кој го прати, напиша Цетински.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.