Цеца прегорда на внукот: Видете како помина крштевањето на Жељко!

Младата брачна двојка Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана, вчера, 12 јули 2020 го крстија својот првородениот син Жељко. Гордиот татко ја објави првата фотографија од неговиот наследник во прегратките на својот крстен кум на Инстаграм.
Веднаш потоа и пресреќната баба, балканската фолк мегаѕвезда Светлана Цеца ражнатовиќ сподели фотографија од тукуштокрстеното внуче на својот Инстаграм, а покрај неа го остави својот благослов до малиот Жељко:


„Нашиот мал и сакан Жељко! Среќно крштевање! Секогаш биди среќен, здрав, сакан, успешен, да пораснеш во човек со благородно срце со кого ќе се гордееме!“ – напиша со восхит гордата баба по повод крштевката на своето прво внуче кое го наследи името на нејзиниот покоен сопруг, Жељко Ражнатовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.