Цеца Ражнатовиќ откри што ќе биде со „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Саша Поповиќ: „Сале остави…“

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за „Ѕвездите на Гранд“ и откри како ќе продолжи снимањето по смртта на режисерот Саша Поповиќ.Како што истакна таа, нема причина за грижа, бидејќи Сале зад себе остави тим од професионалци.– Одложивме две снимања поради смртта на Саша Поповиќ. Нема страв, тоа е добро координиран тим. Тоа се луѓе кои 20 години работат на тој проект, се работи беспрекорно. Сето ова време додека Сале беше отсутен, тимот работеше на теренот и тоа беше добро. Локомотивата не смее да стои во место и тоа го видовте – изјави Цеца.Да потсетиме, откако јавноста ја дозна веста дека Саша Поповиќ почина на 1 март, од него се прости речиси цела балканска естрада.Пејачката Цеца Ражнатовиќ му посвети тогаш емотивна објава:– Драг мој пријателе, ти беше човек со визија, харизма и неисцрпна енергија. Вашето заминување е непоправлива загуба, не само за вашето семејство и најблиските, туку и за сите нас кои ја имавме честа да работиме и да се дружиме со вас. Ќе ми недостигаш, Саленс, бескрајно, напиша Ражнатовиќ по неговата смрт.

Пронајдете не на следниве мрежи: