Музичката ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ѝ подари на Наталија Мартиновиќ, поранешната сопруга на Жељко Ражнатовиќ Аркан, вила на Дедиње во 1997 година.
Куќата претходно била регистрирана на сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ, а Наталија подоцна развила бизнис од имотот.
Куќата се наоѓа во близина на стадионот „Маракана“, на околу стотина метри од вилата во Љутице Богдана каде што живее Цеца.
Според медиумските извештаи, Наталија ја издава куќата под кирија за 7.000 евра на млади фудбалери од познат клуб. Цеца ја купила вилата додека била во брак со Аркан, но подоцна (на 15 ноември 1997 година) им ја дала на Наталија и нејзините деца за да можат да имаат имот во близина на куќата на нивниот татко.
– Точно е дека куќата беше на продажба некое време за два милиони евра, но потоа Наталија сепак одлучи да ја изнајми, за 7.000 евра месечно. Како што објавија медиумите, вилата со години ја изнајмувал Вук Јеремиќ, поранешниот министер за надворешни работи и политичар. Она што малкумина го знаат е дека Цеца ја купила вилата на Дедиње одамна и ја префрлила на името на нејзината сестра. Кога се преселила кај Аркан, решила да направи добро дело и да ја префрли куќата на името на Наталија, тоа било во ’97 година. Желбата на Цеца била Наталија и нејзините деца да живеат таму, за нејзините деца да бидат блиску до својот татко – открил добро информиран извор за Pink.rs.
Вилата има површина од над 400 квадратни метри
Инаку, вилата има вкупно 408 квадратни метри. Изградена е на парцела од 15 хектари. Се состои од четири ката: подрум – технички дел, тоалет, сала за обука, гаража и приземје, пространа дневна соба, кујна, веранда и голема тераса. На првиот кат има пет спални соби, секоја со сопствена бања, додека на таванот има исто толку спални соби и две купатила. Куќата има и четири влеза, што ја прави многу функционална и вредна.
The post Цеца ѝ подари вила на Дедиње на оваа жена – откриени детали, нејзината желба била да ѝ помогне appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



