четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЦИА има 12 тајни бази во Украина долж границата со Русија, објави „Њујорк Тајмс“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) одржува 12 тајни бази во Украина долж границата со Русија, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи повеќе од 200 интервјуа со сегашни и поранешни функционери во Украина, САД и Европа.

Според наводите, Украинците пред војната им се докажале на Американците со собирање на пресретнати податоци кои, како што се посочува, помогнале да се докаже руската вмешаност во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Украинците, исто така, им помогнале на Американците да ги гонат руските агенти кои наводно се мешале во американските избори во 2016 година.

Потоа ЦИА започнала со обука на елитните украински сили, Единицата 2245, која запленила руски дронови и комуникациска опрема за да можат техничарите на ЦИА да ги расклопат и да ги пробијат московските системи за шифрирање, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според весникот, еден од службениците од таа единица е началникот на воената разузнавачка служба – Кирило Буданов.

ЦИА помогнала и да се обучи нова генерација украински шпиони, кои работеле во Русија, Европа, Куба и места каде што Русите имаат големо присуство, стои во објавата.

„Њујорк Тајмс“ додава дека деталите за партнерството меѓу украинските и американските разузнавачки агенции биле внимателно чувани веќе една деценија.

– Сега тие разузнавачки мрежи се поважни од кога било, во време кога Русија е во офанзива, а Украина повеќе се потпира на саботажа и ракетни напади со долг дострел за кои се потребни шпиони зад непријателските линии. И тие се во голем ризик. Ако републиканците во Конгресот ја прекинат воената помош за Киев, ЦИА можеби ќе треба да ги намали своите активности – се вели во текстот на „Њујорк Тајмс“.

Поврзани вести