Цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ќе ве придвижат напред

Приказната за феноменалниот актер ДиКаприо, започнува уште пред тој да се роди. Неговата мајка Ирмелин се восхитувала на слика од Леонардо ДаВинчи во Италија, кога почувствувала дека тој клоцнал во нејзиниот стомак. Така, го избрала името на нејзиното бебе, кое се родило во Лос Анџелес, на 11 ноември, 1974 година.
Цитати од легендарниот Леонардо ДиКаприо кои ве придвижат напред
Неговиот татко, бил позната личност во хипи круговите во Лос Анџелес, бидејќи тој бил дел од андерграунд стрип-сцената, којашто била многу распространета во 60-тите години. Писателот Чарлс Буковски, поетот Ален Гинсберг и гуруто на ЛСД-дрога Тимоти Лири, биле семејни пријатели на неговите родители. Наспроти оваа позадина во неговото детство, Лео се впуштил во актерските води, со целосна поддршка од двајцата родители.


Прочитајте ги овие 60 цитати од легендарната холивудска ѕвезда и дозволете си од нив да добиете инспирација за вашиот живот:
„Јас не сум тип на човек којшто се обидува да биде кул или тренди. Јас сум дефинитивно индивидуалец.“
„Доколку можеш да продолжиш да го правиш, она што знаеш најдобро да го правиш и притоа да си среќен, тогаш ти веќе си понапред во животот од поголемиот број луѓе.“
„Да бидам искрен, мислам дека никогаш не очекував да добијам Оскар, бидејќи истиот не е мојата мотивација кога ги глумам улогите. Ме мотивира тоа што имам можност да работам со неверојатни луѓе и да создадам дело, на коешто ќе можам да се навратам со гордост.“
„Најдобрата работа во врска со глумата, е тоа што можам да се изгубам себеси во некој друг лик и плус да бидам платен за тоа… Тоа е одличен излез. Не сум сигурен кој во суштина сум – по сè изгледа, се менувам секојдневно.“


„Сакам да патувам заедно со пријател… Сакам покрај себе да имам некој којшто ќе ме враќа назад кон корените, кон она што јас сум. Тешко е да се биде сам.“
„Никогаш не сум бил Ромео, кој сретнува некоја девојка и се „затрескува“ во неа во истиот момент. Напротив, за мене заљубувањето бил многу побавен процес, секојпат кога сум бил во врска.“
„Не можам да сфатам зошто не би можел да имам пријатели од двата пола, без да циркулираат жестоки гласини поради тоа. Тоа е лудост!“
„И јас сакам да бидам кретен како и моите пријатели, да се забавувам и да не се грижам за последиците од моето однесување, но јас едноставно не можам да го правам тоа сега.“
„Привлекував внимание во школо, преправајќи се дека сум хендикепиран, скокајќи наоколу со ‘деформирана’ рака.“
„Многу е лесно да паднете во стапицата на верување, во сето тоа што во јавноста се пишува за вас… Кој знае? За неколку години, можеби ќе ме пронајдете и во психијатриска болница!“
„Отсекогаш сум бил спонтан и дружељубив… Имам пробано многу нешта во животот, што значи дека имам доста големо искуство, а тоа е добро бидејќи имам доволно материјал со којшто можам да работам како актер.“
„Каде и да одам, некој ме зјапа и не можам да сфатам дали тоа го прават бидејќи ме препознаваат или бидејќи мислат дека сум чудак.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.