четврток, 12 ноември 2026
Најново

Црвен метео аларм на Балканот: Доаѓаат пеколни температури, но Македонија ја чека лоша прогноза

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Доаѓа пеколно лето. Акуведер за ова лето во Европа предвидува дека ќе биде многу топло, дури и со опасни продори на жестока олуја. Во својот извештај се наведува дека подрачјата на долготрајни жештини ќе се протегаат од Португалија, Шпанија од Полска и Унгарија.
Жештината ќе биде долготрајна од минатото лето кога рекордните температури измерени во деловите на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но генерално траеа околу недела дена – напишал Ерик Листер, еден од главните метеролози во Акуведер.
Тој наведи дека температурите над 38 степени можат да се очекуваат на северниот дел Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словенија и Унгарија.


Температурите над 40 степени би можеле да се очекуваат во источните и јужните делови на Франција и тоа во јули и август, а најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде по неколку дена по ред температурата може да биде од 43 степени и повеќе. Сепак жештините нема да ја печат цела Европа.
Жештините не би требало да бидат така брутални на Балканот, но од Грција па се до Србија и Романија на северот, Бугарија на истокот, се предвидуваат невремиња со грмотевици.
Тука невремињата ќе донесат бројни громови, поплави и разорни ветрови со град. Најсилните невремиња ќе бидат во состојба да создадат торнада – рекол Ројс.
Атмосферското пореметување како последица на тие жешки олуји, може да се очекува во долж на Медитеранот, и по деловите на источна Европа и Русија.
Тоа би требало да значи тоа што се гледа и на генералната прогнозна карта за ова лето, односно дека од западот кон истокот, во Шкотска ќе биде нормално времето во Ирска и Велика Британија можна е суша, на Пиринејскиот полуостров жештини и пожари, во Франција жештини насекаде.
Се прогнозира дека и по Италија и западниот Медитеран се очекуваат просечни температури, а од Ирак, Сирија, преку Турција, Грција, Македонија, Србија и БиХ жестоки невремиња.

Поврзани вести