Црниот чај е вистинско богатство, а еве и зошто

Црниот чај е вистинско богатство и има позитивно влијание врз здравјето на човекот. Го намалува ризикот од срцев удар и дијабетес, а исто така помага при непријатните мириси на стапалата.
Црниот чај е вистинско богатство, а еве и зошто
1. Подобра работа на срцето
Консумирањето црн чај може да помогне во работата на срцето и со тоа да го намали ризикот од мозочен удар и други болести. Истражувањата покажуваат дека оние кои пијат околу три или повеќе чаши црн чај на ден можат да го намалат ризикот од мозочен удар до 21%.
2. Остранете го непријатниот мирис на стапалата
Црниот чај може да го намали непријатниот мирис на стапалата поради танинската киселина што ја содржи. Ги елиминира сите бактерии што предизвикуваат непријатен мирис, а може да ги затвори и порите со што ќе се потите помалку. За да го направите ова, потребни ви се две ќесички црн чај во еден литар вода. Потоа остранете ги ќесичките и разредете го чајот со 500 милилитри вода. Оставете го да отстои малку, а потоа натопете ги стапалата 15 минути или 30 минути.


3. Го намалува ризикот од дијабетес
Едно истражување открило дека постарите луѓе на медитеранските острови имаат мал ризик од дијабетес поради постојаното консумирање на црн чај. Често пиеле чаша или две од овој чај (скоро секој ден) и се покажало дека е ефикасен во спречување на појава на дијабетес тип 2.
4. Го зајакнува имунитетот
Црниот чај го зајакнува вашиот имунолошки систем, бидејќи има висок капацитет на радикална апсорпција на кислород.
5. Го намалува стресот
Црниот чај содржи Л-теанин кој ви помага да се преселите во опуштена и мирна состојба. Пиењето црн чај може да го намали нивото на кортизол, па така ќе имате подобра контрола над нивото на стрес. Консумирајте умерена количина на овој чај дневно и ќе почувствувате големо подобрување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.