Црно му се пишува на Тони Цетински

Општинското јавно обвинителство во Пула поднесе обвинение против Тони Цетински поради предизвикување сообраќајна несреќа со смртен исход во 2017 година во Ровињ, а во него се наведува дека Цетински возел со брзина од 33 km / h, а спрема наодите од вештакот, би требало да се вози 18 км / ч за да може да застане.
Тони Цетински на 3-ти ноември 2017 во Ровињ, кога го прегази 62-годишниот Ибрахим Кевљанин кој лежеше пијан во Пуста улица, беше премногу длабоко „залегнат” во седиштето на неговиот мерцедес, се вели во обвинението.


Токму поради тоа тој не можел да го види Кевљанин како сред бел ден лежи на грб на патот, под дејство на алкохол и нарушена здравствена состојба. Конечно, познати се сите детали од обвинението кои не се откриени досега.
Во него се наведува дека Цетински по должината на таа улица, во која ограничувањето на брзина е 50 километри на час, во моментот на несреќата се движел со 33 километри на час. А според наодите од вештакот, за да може воопшто да запре, требало да вози 18 километри на час. Исто така, во обвинението се вели дека Цетински не ја прилагодил брзината на условите на патот, односно дека требало да обрне внимание на пешаците. Бидејќи неговиот автомобил има предни камери, адвокатите веруваат дека во овој случај тие требало да бидат вклучени. Исто така се повикуваат на видео снимка на еден медиум во која пејачот со голема брзина поминува низ центарот на Ровињ и спорната улица, која е позната како многу тесна и непрегледна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.