Цукерберг трет најбогат човек во светот

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, веќе е на третото место на најбогати луѓе во светот, според новата листа на „Идексот на милијардери“ на агенцијата „Блумберг“.
Цукерберг го надмина Ворен Бафет, кој досега беше на третото место, откако акциите на „Фејсбук“ се зголемија за 2,4 отсто.


Првото место на листата на „Идексот на милијардери“ се уште го зазема Џеф Безос, основачот на „Амазон“, а второто Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.