ЦУК: Дванесет активни пожари на отворен простор, четири од нив активни

Денеска, до 18:15 часот на територијата на Македонија има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 4 активни, 4 под контрола и 4 изгаснати, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Сѐ уште активни се пожарите во Општина Прилеп: с. Радобил (ниска вегетација и шума), Општина Врапчиште: с. Дебреште и с. Зубовце (ниска вегетација);,Општина Охрид: с. Волино (ниска вегетација) и Општина Липково: с. Оризари (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума), Општина Струга: с. Корошишта (ниска вегетација и стрниште), Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар) и во Општина Сарај: с. Кондово (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во Општина Долнени: с. Долгаец и с. Стровија (мешана шума), Општина Куманово: ул. Доне Божинов (ниска вегетација), Општина Конче: с. Дедино (ниска вегетација) и во Општина Кочани: с. Грдовци (ниска вегетација и ѓубриште).

Пронајдете не на следниве мрежи: