ЦУК: 17 пожари на отворен простор, 2 од нив се активни

На ден 03.09.2025 година, до 18:30 часот, на територијата на Македонија има вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои активни се 2 пожари, под контрола 4 пожари и изгаснати се 11 пожари.

Активни се 2 пожари

1. Општина Долнени с. Ропотово и Рилово ( мешана шума)

2. Општина Липково: с.Никуштак ( деградирана нискостеблеста шума)

Под контрола се 4 пожари

1. Општина Долнени: с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација).

2. Општина Гази Баба: Депонија Вардариште (ѓубре);

3. Општина Гевгелија: на планината Кожуф (приземен пожар);

4. Општина Македонски Брод: Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума);

Изгаснати се 11 пожари

1. Општина Кичево: с.Цер (деградирана нискавегетација)

2. Општина Мак Брод: С. Поповјани и Арангел ( запалено стрниште)

3. Општина Илинден: с. Кадино ( ниска вегетација и бали слама)

4. Општина Гостивар: с. Дебреше( деградирана ниска вегетација)

5. Општина Гостивар 2: с.Чегране ( деградирана ниска вегетација)

6. Општина Кривогаштани: с.Славеј (деградирана нискостеблеста вегетација)

7. Општина Прилеп: с.Лагово (деградирана ниска вегетација)

8. Општина Демир Хисар: с.Кутретино (запалена депонија)

9. Општина Куманово: с.Ропалце (запалено стрниште)

10. Општина Куманово 2: покрај автопатот према ГП Табановце (деградирана ниска вегетација)

11. Општина Старо Нагоричане: Етно Село ( запалено ѓубре)

Пронајдете не на следниве мрежи: