Цуцуловски кон Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ: Кој ги овластил да менуваат Устав, макар бил налик на хрватскиот?

Професорот Љубомир Цуцуловски денеска ја подбра опозициската ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Христијан Мицкоски дека веднаш би поддржал промена на Уставот по хрватски терк.

-ДОСЛЕДНОСТ? Првите луѓе на ВМРО – ДПМНЕ го остварија тоа што долго време го најавуваа – отварање на Уставот, меѓутоа не (како што тврдеа) според тогашните услови, туку според некои други услови. Условот да ти бил (види чудо!) Уставот на Македонија да биде сличен на хрватскиот. Сепак, остануваат истите прашања кои овие луѓе им ги поставуваа на сегашно-тогашната власт. Односно:

(1) Кој ги овластил да менуваат Устав, макар бил налик на хрватскиот?
(2) Дали промента на Уставот и влезот на „бугарското“ малцинство во него некогаш биле, сеедно кога, дел од некоја нивна предизборна кампања? Ако одговорот е позитивен, нека прецизираат која била таа предизборна кампања, бидејќи ако не го направат тоа, нивните гласачи/симпатизери ќе останат неинформирани за намерите на „нивната“ партија. – прашува Цуцуловски.

Пронајдете не на следниве мрежи: