БЕДНО. Ако некој поединец, група, институција, партија… поседува одредени информации, поврзани со смртта на една душичка, тогаш е должен, без какво било двоумење, да ѝ ги соопшти на јавноста, не затоа што тоа законите и правото го наложуваат, туку затоа што тоа го налага самата етика и љубовта кон вистината, која не смее да се редуцира на трговија.
Во спротивно, сè друго е само бедна, крајно мизерна калкулација, која е под нивото на секое ниво. Не смее Република Македонија и понатаму да биде збирка на морбидности, преобразувајќи ја во тоа што не е и што не смее да биде.
Пронајдете не на следниве мрежи:



